Изминатите три дена, КК Вардар М14 беше дел од Европската Лига за Млади (EYBL). Овој турнир се играше во Печуј, Унгарија. Со одличниот настап и трите победи обезбедивме пласман на третиот – завршен турнир за Централна Европа.
На овој турнир имавме скор 3:1 исто така идентичен скор имавме и на првиот во Острава. За целта да биде остварена клучен беше натпреварот против Цибона кој директно одлучуваше која од двете екипи ќе оди понатаму. Завршниот турнир повторно ќе се игра во Печуј, кој ќе се одржи од 19 до 22. март.
Резултати од вториот турнир:
KK ВАРДАР – KK Флеш (Србија) 72:64
КК ВАРДАР – КК Академија Баске Перуџа ( Италија) 75:62
КК ВАРДАР – КК Цибона (Хрватска) 85:83
КК ВАРДАР – КК Еге (Турција) 71:83
Вардар го има лидерот по постигнати поени, нашиот Величковски Бојан има просек од 28,67 поени по одигран меч во оваа младинска лига, односно погоди 172.поени на шест меча.