Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Марио Младеновски: Веруваме дека со поддршка од нашите навивачи можеме да направиме подвиг и да ја вратиме титулата во Скопје
Марио Младеновски: Веруваме дека со поддршка од нашите навивачи можеме да направиме подвиг и да ја вратиме титулата во Скопје

Марио Младеновски: Веруваме дека со поддршка од нашите навивачи можеме да направиме подвиг и да ја вратиме титулата во Скопје

Многу малку веруваа на стартот од новата натпреварувачка сезона, дека Вардар може да биде есенски шампион во ПМФЛ. Заминаа неколку играчи, меѓу најискусните беше Манев, додека најголемите засилувања за црвено-црните беа младите играчи. Сепак, Вардар полека, но сигурно чекореше кон врвот, како одминуваше полусезоната игравме се подобро, освојувавме бодови и на крајот од есенскиот дел се стекнавме со предност од осум бодови разлика пред екипата на Шкендија. Шефот на стручниот штаб, Александар Васоски, се реши во првиот тим да вклучи неколку играчи од Академијата на Клубот, а еден од нив беше стоперот Марио Младеновски.

vardarfans-tekst

Во интервју за нашиот медиум, Марио смета, дека Вардар имал одлична полусезона, иако стартот не навестувал таков тек на настаните.

-Имавме доста успешен есенски дел, иако лошо почнавме на стартот од сезоната, имавме два натпревари на кои не успеавме да победиме. Потоа врзавме серија од победи и добри натпревари и така стигнавме до успех на крајот од полусезоната. Оваа екипа е спој од млади и искусни играчи, која одлично се надоградуваше во есенскиот дел, добиваме често совети од повозрасните играчи кои ни даваат самодоверба да се докажуваме и да покажеме зошто го носиме црвено-црниот дрес. 

Младеновски верувал дека Вардар може да стане есенски шампион со оглед на игрите кои ги прикажуваше неговиот тим.

-Со оглед на тоа како игравме, како одминуваше есенскиот дел се повеќе верував дека можеме да завршиме на првото место на табелата. Сите играчи даваа максимум и одиграа од срце за Вардар. 

vardar-samo-so-bod-od-gostuvanjeto-vo-gjorche-petrov-213751

Ова момче доби шанса на неколку натпревари да биде во стартниот тим, одлично ја понесе одговорноста на својата позиција и врати со добри игри.

-Секој млад играч очекува од тренерот да му дава повеќе шанса за да може да се докажува. Јас имав прилика да одиграм неколку натпревари од кои сум задоволен од придонесот за тимот, иако секогаш може и подобро.

Изминатава година, Марио ќе ја памети и по дебито за сениорската репрезентација на Македонија. Со само 19 години, Младеновски се најде во стартниот состав на гостувањето кај Австрија.

-Секој сонува да го облече националниот дрес и јас сум среќен што на 19 години добив можност да дебитирам на еден официјален меч за Македонија. Повикот од селекторот Ангеловски ме изненади, но ми даде голем поттик за напорно да работам и да докажам дека заслужувам место во една таква репрезентација, составена од големи играчи како Пандев, Несторовски, Барди, Елмас и други.  Пред нас е можеби најважниот натпревар против Косово, кој треба да го добиеме и да се избориме за финалето во Лигата на Нации, кој ни носи пласман на ЕП. 

Вардарци уште два дена ќе тренираат на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, по што ќе заминат во Анталија каде ќе го одработат главниот дел од подготовките.

-Подготовките се одвиваат во најдобар ред, веќе во среда патуваме за Анталија  каде ќе останеме се до 3.февруари. Овие подготовки треба да ги искористиме паметно за да стигнеме до подобар успех на крајот од сезоната.

vardar-samo-so-bod-od-gostuvanjeto-vo-gjorche-petrov-213971

Пред Вардар е да ги одбрани осумте бода предност пред тетовската екипа, која се засили со неколку нови играчи во зимскиот преоден рок.

-Секако дека ќе биде тешко да се освои шампионската титула, екипата на Шкендија е сериозен и силен конкурент, но ние веруваме дека со поддршка од нашите навивачи можеме да направиме подвиг и да ја вратиме титулата во Скопје, изјави Младеновски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски