Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристопанс го игра последниот меч на ЕП, вардаровите „руси“ против Исланд во одлучувачкиот меч
Кристопанс го игра последниот меч на ЕП, вардаровите „руси“ против Исланд во одлучувачкиот меч

Кристопанс го игра последниот меч на ЕП, вардаровите „руси“ против Исланд во одлучувачкиот меч

Денес продолжуваат натпреварите на Европското првенство, кое за прв пат во историјата се одржува во три земји.

Русија за која настапуваат пет играчи од Вардар пред себе има тешка задача за да го продолжи настапот на ЕП. После воведниот пораз од Унгарија, за избраниците на Кокшаров претстои тешка мисија, а тоа е да се добијат натпреварите против Исланд и Данска, доколку сакаат подолг претстој на ЕП.

Денес со почеток од 18:15 часот, Русија ја очекува дуел со Исланд, кој во првото коло направи големо изненадување со триумфот против светскиот шампион Данска. За денешниот меч против Исланд, во составот на Русија се сите пет вардарови играчи, Дибиров, Атман, Калараш, Горбок и Шишкарев ќе бидат дел од овој одлучувачки меч за Русите.

Последен натпревар на ЕП ќе одигра и Кристопанс кој со селекцијата на Летонија ги загуби шанските за пласман во следната фаза. Тие денес во последното коло од групната фаза се соочуваат со Германија, а во составот се најде Кристопанс, додека и на овој меч, Кугис не е меѓу играчите кои ќе излезат на теренот.