Saturday ,04 December 2021
Последни:
Home > Uncategorized > Комити Запад: Вардар е Македонија !
Комити Запад: Вардар е Македонија !

Комити Запад: Вардар е Македонија !

*Преземено од официјалната страница на Комити Запад:

Кога го велиме ова не мислиме само на тоа што Вардар е Македонска Авангарда во спортот и многу повеќе од тоа, туку тоа го мислиме и буквално гледајќи од историска перспектива.
Вардар е директен наследник на легендарниот Скопски фудбалски клуб кој за време на Фашистичката окупација на Македонија 1941-1944, бил симбол за непокорот, место каде се одржувал Македонскиот национален дух, и место каде не можеш поинаку да се чувствуваш освен како горд Македонец, ФК Македонија.
Тој клуб подоцна по фузијата со ФК Победа во 1947-ма настанува ФК Вардар, и е предводен од легендарниот Илеш Шпиц.
Македонија разарала по Бугарската лига, но и покрај тоа била опструирана на сите можни начини да не го освојува трофејот, бидејќи тоа би било срам за оние кои дошле тука за против волјата на народот Македонски за “да го ослободат”.
На сликата претставниците на ‘Бугарските туристи’ од Софија, ФК Левски, салутираат со препознатливиот ‘мирољубив′ поздрав “Zieg Heil”, кон фирерот на третиот рајх.
Македонија го добива мечот на терен со 2:1, но подоцна службено го губи со 3:0 по наредба на ‘мирољубивиот и непристрасен’ Фудбалски сојуз на Бугарија.
Со цел да ги мотивира до небо , Илеш Шпиц ги прашува фудбалерите пред почетокот на полувремето, за кој клуб играте вие? Тие едногласно му одговараат – ЗА МАКЕДОНИЈА !
Па тоа е свето име бе мамето ваше !!!

Затоа разберете не кога Вардар го поистоветуваме со Македонија !
#ВардарВоСрцето #МакедонијаВоДушата #ТретоПолувреме