Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Лесно му е на Вардар со Симовски, убедлива победа во дербито против Џио Струмица
Лесно му е на Вардар со Симовски, убедлива победа во дербито против Џио Струмица

Лесно му е на Вардар со Симовски, убедлива победа во дербито против Џио Струмица

Одбојкарскиот клуб Вардар славеше убедлив триумф на гости од 0-3 во сетови (16-25, 14-25, 22-25) против актуелниот освојувач на двојната круна, Џио Струмица.

Овој натпревар требаше да биде дерби на есента, но, Вардар уште еднаш покажа дека оваа година е неприкосновен. Одново Вардарци играа на „крилата” на македонскиот репрезентативец Јовица Симовски кој реализираше 25 поени, што беа доволни за убедлива победа. Освен Симовски, вреди да се пофали и дефанзивата на Вардар, на чело со Васе Михаилов кој одигра исто така одличен натпревар.

По ова коло, Вардар останува единствен лидер на првенствената табела.

Прва лига (мажи), 7.коло

Џио Струмица – ВАРДАР 0:3 (16-25, 14-25, 22-25)
Дибра волеј – Лирија 0:3 (13:25, 15:25, 13:25)
Универзитет Тетово – ГОК Борец 3:0 (25:15, 25:10, 25:15)
Шкендија – УГД Студент 0:3 (20:25, 20:25, 18:25)