Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар не дава бодови дома, црвено-црните во вториот дел ја покажаа силата против Татран Прешов
Вардар не дава бодови дома, црвено-црните во вториот дел ја покажаа силата против Татран Прешов

Вардар не дава бодови дома, црвено-црните во вториот дел ја покажаа силата против Татран Прешов

Вардар успеа да стигне до осмиот триумф во СЕХА-лигата, откако пред своите навивачи го совлада тимот на Татран Прешов. Со многу подобра игра во второто полувреме успеавме да славиме триумф.

Екипата на Татран Прешов речиси во текот на целото прво полувреме беше во предност, а Вардар во два наврати само успеваше да го израмни резултатот. По девет минути игра гостинската екипа стигна до три гола разлика (2:5), но црвено-црните вратија со серија од три погодоци, преку Пелко, Чупиќ и Шишкарев за израмнување на 5:5. Последното израмнување се случи во 14.минута кога резултатот на семафорот беше 6:6, за противникот повторно да влезе во серија и да поведе со 7:10. Постојано бевме во негатива и тешко беше да се стигне водството на Татран. На бековските позиции во текот на целото прво полувреме одигравме со исти играчи, Чупиќ, Атман и Скубе, се обидуваа да ја пробијат противничката одбрана. Се доближивме на два гола негатива (10:12), но словаците повторно имаа добар период, се одлепија и на највисоки 11:15. Истава позитива ја задржаа до крајот на првото полувреме, кога резултатот на семафорот гласеше 13:17. На двата гола, младиот Марко Кизиќ кај Вардар и искусниот Чуприна кај Татран имаа по 3 интервенции.

Заигравме поцврсто во одбраната, и по само пет минути игра ја преполовивме негативата. На голот застана Гедбам кој забележа одбрана, а Дибиров од пенал успева да намали на 16:18. Гледавме поинаков Вардар во второто полувреме, откако Татран го постигна првиот гол и зголеми на 13:18, Вардар направи серија од 5:0 и израмни на 18:18, а Татран Прешов цели осум минути беше без погодок. Гостинската екипа успева повторно да поведе со 18:20, но црвено-црните направија нова серија од 0:4 и прв пат на овој дуел имаа два гола позитива. Со два гола на Атман и по еден на Стоилов и Чупиќ, нашиот шампион во 46 минута имаше водство од 22:20. Истава позитива ја имавме и на шест минути пред крајот на мечот, кога резултатот на семафорот беше 25:23, но се уште не беше решено прашањето околу конечната победа. Татран не се предаде, сврза два гола во серија и израмни на 25:25, а Кокшаров побара тајмаут. Стоилов беше одличен во второто полувреме, нов гол за нашиот капитен и под задршка и фаул од противничкиот играч, успева да го совлада Чуприна за ново водство, а на нашиот гол, Гедбан одбрани зицер удар, вкупно шестта одбрана за алжирецот. Дефинитивно, Гедбан беше креатор на пресвртот, со нова интервенција стави печат на победата на Вардар, која беше изразена со резултат 28:26.

Гедбан имаше 8 одбрани, додека Кизиќ 3. Атман, Шишкарев и Чупиќ постигнаа по 5 голови. До крајот на годината останува уште натпреварот против Нексе.