Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров и Пелко: Целта е исполнета, успеавме да победиме
Кокшаров и Пелко: Целта е исполнета, успеавме да победиме

Кокшаров и Пелко: Целта е исполнета, успеавме да победиме

Вардар со нова победа го потврди првото место во групата, а со тоа и директниот пласман во четврт-финалето на СЕХА-лигата. На последниот дуел пред своите навивачи оваа година, ја совладавме екипата на Татран Прешов (28:26). Иако противникот на полувреме имаше предност од четири голови, Вардар во вториот дел го прикажа најдоброто од себе и ги освои бодовите. На прес-конференцијата после завршување на мечот, пред медиумите се обрати Кокшаров, кој го изјави следново:

-Имав планови на овој меч да настапат играчите со помала минутажа, но во второто полувреме моравме да играме со најдобрите, за да победиме. Ја исполнивме целта, ги освоивме планираните три бода и тоа ме радува.

Свој придонес во победата даде и Сикошек Пелко кој изрази задоволство од освоените бодови.

-Татран одигра добро прво полувреме, ама ние се договоривме во второто полувреме да го дадеме најдоброто од себе и да играме со најсилен тим. Успеавме да победиме, сакам да им честитам на соиграчите за прикажаното.