Денес на теренот на Академијата, последното есенско коло го одиграа пионерските екипи на ФК Вардар, кои за противник го имаа тимот на Работнички.
Помладите пионери стигнаа и до 10.победа сезонава откако на домашен терен го совладаа градскиот ривал и својот најголем конкурент за трофејот оваа сезона. Во еден неизвесен и борбен дуел, на крајот славеа избраниците на Сашо Тодоровски со резултат 2:0. Екипата на Работнички потклекна на нападите на вардаровите играчи и прими погодоци за само пет минути. Стрелец на двата гола, беше нашиот напаѓач и голгетер Бесар Гуџуфи кој во два наврати го матираше противничкиот голман. Најпрво во 71.минута го отвори резултатот за 1:0, додека конечните 2:0 ги постави во 76 минута од дуеот.
Вардар: Тасев, Павлески, Ричков, Јаневски, Љушев (c), Стоимов, Ибраим, Здравковски, Гуџуфи, Хајдари, Стојановски.
Во игра влегоа уште и Перковски, Анчевски, Попов и Ивановски.
Пионерите на Вардар и Работнички одиграа без голови во дербито на пионерската лига. Имаа шанси и двете екипи, но до крајот на натпреварот мрежите мируваа. Вардар на овој дуел настапи без тројца стандардни играчи, тоа се Давков и Стојчевски кои се повредени, како и Ѓорѓиевски кој паузираше поради картони. Есенскиот дел го завршивме на второто место на табелата, доколку Академија Пандев славела во ова коло, разликата ќе биде плус шест во корист на струмичани.
Вардар: Јовчев, Јовановски, Марковски, Ѓоргоски, Сељанац, Живков, Давидовски (c), Стојановски, Мирков, Тасевски, Трпезановски.
Во игра влезе и Алек Саит.