Вечерва со почеток од 20:15 часот, екипата на РК Вардар ќе го одигра претпоследниот дуел за оваа календарска година. Во рамките на СЕГА-лигата, во С.Ц Јане Сандански ќе гостува екипата на Татран Прешов.
Вардар веќе го има обезбедено првото место во групата и директниот пласман во четврт-финалето, но сигурни сме дека избраниците на Кокшаров ќе сакаат да победат и на последните два дуели во ова натпреварување. Што се однесува до меѓусебните дуели со овој противник, традицијата е на страната на црвено-црните. Вардар има дури 12 победи во дуелите со Татран Прешов, додека Шампионот на Словачка успеал само еднаш да не победи и тоа пред цели шест години,кога на меч одигран во С.Ц.Кале триумфирале гостите со резултат 34:37.
На девет одиграни натпревари сезонава во СЕХА, избраниците на Славко Голужа имаат скор од пет победи и четири порази. Два порази се во дуелите со екипата на Мотор Запорожје и по еден во дуелите со Вардар и Војводина.
Вардар е фаворит за освојување на бодовите, а на последниот тренинг на црвено-црните се појавија сите играчи, кои во моментов се во можност да играат, со исклучок на Толедо и Дисингер. Со тимот тренираа младите Кукуловски, Ќосевски, Карапалевски, како и голманите, Кизиќ и Гогов, а останува да видиме дали Кокшаров во екипата ќе го врати голманот, Артурс Кугис кој не беше вклучен во составот на последните неколку меча.
Билетите за овој дуел се продаваат по цена од 50 денари, а мечот можат да го проследат сите оние кои имаа сезонски билети. Директен пренос од натпреварот ќе врши МРТ и Арена Спорт 2. На 15.декември е закажан мечот против екипата на Нексе, кој ќе се одигра во Нашице.