Кај момците во генерација 2008/09 тимовите на Преспа Вардар, РК Вардар Седмерец и РК Будимир Вардар дојдоа до нови победи на вчерашните дуели во Вардар Јуниор лигата.
Екипата на Опш.Кисела Вода Вардар беше совладана од РК Преспа Вардар со минимални 13-12. Се играше рамноправно со неколку изедначувања се до 4-4. Потоа тимот од Ресен поведе со 6-4, Преспа успеа на одмор да замине со минимално водство 8-7. Скопската екипа со серија 0-3 поведе во вториот дел со 8-10, потоа водеше и со 9-12. Сепак тимот од Ресен во финишот со серија 4-0 дојде до победа со резултат 13-12.
Тимот од Охрид, РК Вардар Седмерец имаше лесна задача против РК Карпош/Урдаревски тие триумфираа со високи 26-6. Се беше познато уште по крајот на првиот период кога имаа 12 гола предност. Вардар Седмерец на одмор замина со резултат 14-2. Вториот дел беше формалност, тие победија со дваесет гола повеќе од ривалот.
РК Будимир го совлада тимот на РК Филип од Прилеп со резултат 15-12. Првиот дел изобилуваше со рамноправна игра и чести изедначувања, па на одмор се замина со резултатска симетрија 8-8. Во вториот дел продолжи тој тренд се до резултат 11-11. Скопските момци успеаа да бидат поприсебни во финишот и победија со три гола предност, 15-12.