Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Две победи за Будимир и по една за Ангели и Урдаревски во ген.2007/08 на мечевите од Јуниор лигата
Две победи за Будимир и по една за Ангели и Урдаревски во ген.2007/08 на мечевите од Јуниор лигата

Две победи за Будимир и по една за Ангели и Урдаревски во ген.2007/08 на мечевите од Јуниор лигата

  Вчера во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје се играше ново коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Кај момците во генераија родени 2006/2007 се одиграа следните мечеви:

13-2

РК Будимир во првиот меч го совлада тимот на РК  Филип Вардар од Прилеп со резултат 22-16. Скопските момци уште на почетокот беа во предност, на пауза заминаа со два гола повеќе, односно со резултат 11-9. Го контролираа мечот и во вториот дел успеаа да ја зголемат предноста па триумфираа со шест позитива.

14-2

Во втората средба од оваа генерација, тимот од Скопје, РК Ангели Вардар го совладаа тимот до Ресен, РК Преспа Вардар со резултат 16-13.  Првиот дел беше одбележан со постојнани изедначувања на двете страни, така се влезе и во финишот (7-7), каде што скопскиот тим со гол за 8-7 го однесе мечот на одмор со еден позитива. Во вториот дел  тимот од Скопје, со серија 4-1 поведе со високи четири плус (11-7), предност која со игра гол за гол ја чуваше се до крајот.

15 16

Во третиот меч  РК Будимир беше подобар од ресенскиот тим Преспа Вардар со резултат 16-14.  Тимот на Преспа поведе со 2-5 на стартот, момците на Будимир успеаа да изедначат на  8- 8 во финишот, првиот дел се оконча со резултат 9-9. Во вториот дел двата тима повторно беа блиску до резултатската симетрија се до 13-13. Потоа скопјани со серија 3-0 поведоа со 16-13, кои се покажааа недостижни за ривалот.

12

Во последниот меч од оваа генерација, РК  Урдаревски  Вардар го совлада тимот на РК Филип со резултат 23-19.  Уште на почетокот скопскиот тим отвори добро со предност од 4-1. Потоа го засилија темпото па на одмор заминаа со „капитал“ од пет гола,  11-6. Во вториот дел тие продолжија со исто, силно темпо па успеаа некаде на средината да поведат со високи осум гола, на семафорот стеоеше 18-10. РК Филип заигра доста поангажирано, успеа да биде подобар противник па ја преполови негативата до крај, тие беа поразени со четири гола, 23-19.