Во текот на утрешниот ден, претпоследното коло во рамките на регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар. На теренот на Академијата, во термините од 10:00 и 12:00 часот за противник ја имаме екипата на Фортуна.
Што се однесува до табелата после одиграното 13.коло, генерацијата 2006 ја забележа и 12.последователна победа и ја одржа предноста од осум бодови, пред екипите на Шкупи, Еуроспорт и Милано. Избраниците на Спасески се лидери со 36 освоени бодови и на две кола пред крајот се промовираат во есенскиот шампиони на лигата. Утрешниот дуел против екипата на Фортуна треба да биде само полесен тренинг за вардарци, со оглед дека противникот се наоѓа на последното место на табелата, со ниту еден освоен бод, односно имаат 12 порази на исто толку одиграни мечеви.
Генерацијата 2005 на Вардар има голема шанса со победа на утрешниот меч да избие на првото место на табелата. Кул Здравје е лидер во лигата со 32 освоени бодови, два повеќе од Вардар, од кој имаат и натпревар повеќе. Триумфот против Грозданоски беше 10.сезонава за момците на Петковски, кои можат есенскииот дел од сезоната да го завршата на првото место. Во оваа категорија, Фортуна игра солидно, после 11 одиграни натпревари имаат скор од 4 победи, исто толку нерешени резултати и 3 порази. Сепак, Вардар е голем фаворит за освојување на бодовите, па не би требало да имаат проблеми да триумфираат.
Во последното есенско коло ќе гостуваме кај екипата на ФК Скопје.