Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Р.Аикидо клубот Вардар: Септемвриски уписи започнаа, шанса вашите деца да го најдат вистинскиот пат во животот
Р.Аикидо клубот Вардар: Септемвриски уписи започнаа, шанса вашите деца да го најдат вистинскиот пат во животот

Р.Аикидо клубот Вардар: Септемвриски уписи започнаа, шанса вашите деца да го најдат вистинскиот пат во животот

Пред нас е септември, месец во кој децата оваа година не ги  започнуваат своите школски обврски, но поголем дел од нив и одбираат спортски ангаржман.   Во  оваа специфична општествена и технолошка ера бавењето со спорт ги насочува младите кон вистинскиот пат, кон изградувањето во здрави личности со спортски навики и изолирање од негативните влијанија на модерното општество. Доколку тој спорт е боречка вештина, која е пред се наменета за самоодбрана од опасностите, темпераментна и практична, дефинитивно станува збор за Реалното Аикидо. Тоа е вештина во која покрај физичката активност, младиот човек наоѓа душевен мир и чуство за припадност со што се анулираат во целост негативните последици од динамичниот живот кој чесно ги наведува младите во погрешна насока.

ra9

Од сабота, Реал Аикидо клубот Вардар започнува со работа во сала, за почеток во еден од двата објекти кои ги поседува за тренинг. Станува збор за објектот на  улица Козле број.20, на 180м2 е распослан новиот дом на црвено-црните аикидо момци и девојки. Одлично структуиран, со се што е потребно и неопходно, истиот ги има  сите можни услови. Просторот поседува сала за тренинг од 80-сетина метри квадратни. Соблекувални, тоалети, помошни простории.

ra5 ra4

Посебен квалитет на тимот е тоа што  е одлично стручно екипиран. Тренинзите ги водат искусни мајстори со интернационални лиценци за реален аикидо, станува збор за: г-н  Антоан Диневски 2ри дан, Антонио Дамјановски 2ри дан и Бојана Диневска 2ри дан. Покрај нив дел од клубот се  асистент тренерите: Кристијан Ранковиќ 1ви данАндреа Диневска 1ви дан и Јосиф Грујоски 1ви дан- детски црн појас.

ra2 ra3

Вардар има одлична програма, поделена спрема возраста на “конзументите“ на оваа вештина. Па така се работи по детска програма  за членовите кои имаат помеѓу 4 до 14 години. Црвено-црниот клуб  има  и програма за возрасни, а нешто што треба да се апострофира е  постоењето на  специјална програма за самоодбрана за припадничките на понежниот пол. Вистинска прилика е младите девојки  можноста  да совладаат вештини кои би им донеле можност за самоодбрана. Тоа ја зголемува сигурноста на девојките и младите индивидуи во “урбаната џунгла„ во која за жал живееме во поново време. Важна е сопствената сигурност и здравје,  сепак има нешто што е ниво погоре што еден човек може да посака, тоа е грижата за  сигурноста на најмладите членови на неговото семејсто и дамите во домот, а клучот за тоа го имаат вардарци.

Со децата работат млади мајстори кои лесно пристапуваат до нивната психа, тие се генерациски блиску до своите ученици па доста полесно се воспоставува контакт и се напредува.  Имавме прилика да ви донесеме и две интервјуа токму со овие млади мајстори. Андреа Диневска е 16 годишна девојка која  повеќе од две години e асистент тренер со црн појас (1ви дан). Вардар има уште еден „бисер“ ,станува збор за младиот  и веќе афирмиран во овој спорт, Јосиф Грујовски (11 години), тој е асистент тренер кој е 1ви дан- детски црн појас.

ra

Запоменете: Сигурноста и безбедноста  е нешто кое не се препушта на случајноста во животот, особено денес во овој стадиум на општествениот живот кога улицата потсетува на “урбана џунгла“. Затоа контакирајте го Вардар, тоа е клуб кој ќе ви овозможни многу за вашите деца. Искористете ги септемвриските уписи, вистинска шанса и вистинско време за старт на една убава епизода во живот на вашите деца, тие секогаш највредното нешто на секој родител, затоа правилно насочете ги.

Од Вардар за сите заинересирани велат: Сите  наши тренинзи се од отворен тип,  повелете, дојдете да се дружиме. Уписот    на нови црвено- црни членови се врши на   секој тренинг, без надокнада.
Контакт телелефон: 076- 959- 960.