Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > На контролен натпревар, пионерите на ФК Вардар одиграа со нерешен резултат против Њу Старс
На контролен натпревар, пионерите на ФК Вардар одиграа со нерешен резултат против Њу Старс

На контролен натпревар, пионерите на ФК Вардар одиграа со нерешен резултат против Њу Старс

Во текот на вчерашниот ден, контролен натпревар одиграа пионерите на ФК Вардар кои гостуваа во Ѓорче кај екипата на Њу Старс. Иако имавме предност по првото полувреме од 0:2, сепак до крајот на дуелот противникот се избори за нерешен резултат 3:3

Вардар го отвори резултатот со погодокот на Никола Павлески за 0:1, додека предност од 0:2 донесе Димитар Стоимов, после асистенција од Ричков. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

Во второто полувреме видовме нови голови. Најпрво, домашниот тим успеа да го намали резултатот на 1:2, за Левент Ибраим со својот прв гол повторно да зголеми на два гола разлика (1:3). Сепак до крајот на натпреварот екипата на Њу Старс постигна два гола во нашата мрежа, за конечни 3:3.

ФК Вардар: Ангелов, Милошевски, Каровски, Стојановски, Ричков, Јаневски, Здравковски, Стоимов, Павлески, Ибраим, Анчевски.