Тимот на лавиците, односно кадетскиот состав на ЖРК Вардар досега имаше две девојки помеѓу стативите. На голманското дуо, Вероника Ѓорѓиевска и Христоска Леа им се придружува нов член. Нов голман на црвено-црните е Тамара Ѓорѓиева.
Станува збор за млад голман, помлад од остатокот од тимот кој е претежно 2004 година. Тамара е родена 26/10/2006, располага со одлична конструкција за „чувар на мрежата“ таа е висока 175 см. Пред неа е многу работа за да влезе во конкуренција со девојките кои се голманки на Вардар, но има одлични предиспозиции, вредна и таленирана со одлична моторика.
Најголемен бенефит за неа е што ќе има прилика да работи со Александар Царчев, тренерот кој е познат како одличен педагог и врвен тренер за млади голманки. Пред нив е доста работа, но познавајќи ја истрајноста на Царчев се очекува огромен напредок во блиска иднина на новото засилување.
Редакцијата на Вардар фанс и посакува добро дојде на новата ракометна надеж во редовите на Вардар.