Доколку сакате вашето дете да биде дел од одличен одбојкарски колектив, женскиот одбојкарски клуб „Вардар ЕМ“ е вистинска прилика за тоа. Бидете дел до тимот кој е познат во создавање на млади и надежни одбојкарки, екипа која нуди можност за напредок и усовршување на секоја млада личност.
Уписите се во три различни генерации ( 2006/07, 2008/09 и 2010 и помали), одлична можност нуди клубот што тренинзите ќе се одвиваат на две локации во Скопје. Две дами, со одлично одбојкарско „педигре“, Јаничиќ и Стефаноска ќе го пренесуваат своето богато искуство на новите вардарци.