За ФК Вардар нема одмор. По двете победи во низа, една во шампионатот и во Купот на Македонија, утре Вардар одново гостува, овој пат кај екипата на ФК Велешта.
Пред утрешниот дуел, стратегот на вардарци се соочува со неколку играчки проблеми. Поради повреда здобиена на натпреварот од Купот, искусниот дефанзивец Ненад Мишковски отпаѓа за утрешниот дуел. Неговото место ќе го завземе искусниот Трајче Стојковски. Исто така и Оливер Пеев ќе го нема во почетниот тим, а неговото место и на овој дуел ќе го завземе Мартин Блажевски.
Очекуваме утре уште една добра партија на нашите играчи и победа. Дуелот се игра со почеток од 15.00 часот.