Ракометарите на Вардар 1961 ја започнаа новата сезона во Лигата на шампионите со еден бод, откако одиграа нерешено, 27-27 во Норвешка кај тимот на Елверум.
Токму за играч на натпреварот во Норвешка навивачите го избраа голманот на ,,црвено – црните” , Мартин Томовски. Томовски блескаше на голот на Вардар и успеа да запише 14 одбрани, што според вардаровите навивачи беше доволно за да биде играч на натпреварот, пред Жереми Тото кој исто така одигра супер натпревар и беше прв стрелец кај Вардар со шест погодоци.
ЕВЕ како гласаа вардаровите навивачи.