Одлична одлука на раководството на ракометната федерација на Македонија за женската сениорска лига. Од оваа сезона, 2021/2022 година како што беше досега и кај момците ќе има пренос од секој одигран дуел.
На јутуб-каналот на РФМ ќе се вршат преноси од одиграните натпревари во двете групи. Прв предизвик за црвено-црните воедно и прв пренос кој ќе гледаме е утрешниот натпревар против Ѓорче Петров кој се игра во 19-30 часот во Ново Село.
Покрај тоа дозволено е публика според актуелните ковид-19 протоколи, односно може да гледаат вакцинирани гледачи и да се користи 30% од капацитетот седиштата во салата.