Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци го „преслушаа“ и Радовиш за втора висока победа во домашната лига
Вардарци го „преслушаа“ и Радовиш за втора висока победа во домашната лига

Вардарци го „преслушаа“ и Радовиш за втора висока победа во домашната лига

Вардарци стигнаа до втората убедлива победа во домашното првенство. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните беа домаќини на екипата на Радовиш. Иако настапивме со преполовен состав, сепак тоа не претставуваше проблем да стигнеме до висока победа изразена со резултат 40:26.

Шанса да се докажуваат на овој натпревар добија младите Стефан Крстевски, Мартин Карапалевски, Томислав Јагуриновски, Ален Ќосевски, Стефан Атанасовски, Давид Савревски, Васил Гогов и.т.н, иако во ростерот имавме и искусни играчи како браќата Њокас, потоа Дибиров, Талески, Валчак и Чувара, кои играа колку што беше потребно за да се стигне до триумф.

Гостинската екипа само во еден наврат го израмни резултатот и тоа на стартот кога на семафорот стоеше резултат 2:2. Потоа се беше рутина за момците на Вујовиќ кои со серија на погодоци, на полувреме имаа висока предност од 20:7. И во второто полувреме постигнавме идентични 20 голови, а шанса за настап добија сите ракометари. Прашање беше само со колкава разлика ќе го добиеме овој натпревар, на кој бевме големи фаворити пред стартот. После натреварот со Елверум немавме многу време за одмор, но Вујовиќ денес го искомбинира тимот кој доминираше на теренот.

Најефикасен во нашиот состав беше Ален Ќосевски кој постигна 6 голови, додека Јагуриновски,Валчак и Чувара постигнаа по 5.