Подготовките за европскиот предизвик и дебито на меѓународна сцена за нашиот црвено – црн кугларски колектив се во самиот финиш. Утре нашите момци ќе ја имаат последната контролка пред заминувањето во Австрија каде ќе се одржи НБЦ-купот.
Противник на нашите момци во последната трета контролка е другиот учесник во истото европско натпреварување тимот на КК ГТЦ. Во подготовките веќе еднаш се сретнаа овие два тима во тој дуел нашиот тим победи со соборени 3.423 кегли ,а имаа зад себе постигнати шест најдобри резултати од осум. И во втората контролка со тимот на КК Работнички нашите момци беа супериорни со вкупен резултат од 3.567 соборени кегли. Што беше вистински индикатор за подигнување на формата и нејзино движење во нагорна линија бидејќи има 144 кегли подобро остварување од првата контролка со ГТЦ. Највеќе по досегашните резултати на НБЦ-купот ќе се очекува од Димитар Димитровски,Бојан Влакевски и Дарко Димовски кои беа со надобар личен скор на двете контролки, а се очекува да доминираат и утре.
Дуелот утре е закажан со почеток во 16-00 часот и истиот ќе се одигра на домашен терен за црвено – црните т.е. кугланата при Спортскиот центар “Борис Трајковски“-Скопје.