Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Игор Кралевски прекомандуван да ја води Вардаровата генерација “2006‘
Игор Кралевски прекомандуван да ја води Вардаровата генерација “2006‘

Игор Кралевски прекомандуван да ја води Вардаровата генерација “2006‘

Поранешниот репрезентативец на Македонската фудбалска репрезентација, Игор Кралевски е прекомандуван во една повозрасна категорија на Фк Вардар. Да напоменеме дека со генерација “ 2007“ на убедлив начин го освои силниот меѓународен турнир во Битола. Без ниту еден пораз и со само еден примен гол го освои првото место на споменатиот турнир. Сега за него следи малку поголем предизвик во неговата тренерска кариера. Од неодамна е назначен како главен предводник на Вардаровата генерација, фудбалери родени “2006“ година. Слободното време ќе го искористува за помош на тренинзите, на неговата претходна генерација “2007-2008“.

Кралевски има единаесет години професионално играно во младинските категории на Вардар, во периодот кога има седум години започнува да тренира во најтрофејниот Македонски клуб. Тука останува се до својата 18-та година. Понатаму својата играчка кариера ја продолжува во Работнички. Своето најголемо достигнување го има во периодот кога четири години настапува за Хајдук од Сплит. Негова следна дестинација во интернационалната кариера е Русија. Исто така има настапувано и за неколку екипи во првата Македонска фудбалска лига.

Кралевски посветува максимално внимание на овие млади момчиња и со своето искуство кое го има, само им го пренесува на овие млади надежи кои во иднина треба да прераснуваат во големи професионалци.