Избраничките на Симе Симовски се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона со одигрување на пријателски натпревари, против младинците на Рк Вардар кој ги предводи Зоран Петковски. Во изминатиов период одиграа два подготвителни мечеви со оваа екипа, која во новата сезона ќе се натпреварува во младинската лига. Новата сезона во супер лигата за црвено-црните девојки започнува некаде на средина на октомври. Така овие тест мечеви со младинците на Рк Вардар, им помагаат за достигнување на потребната форма, пред стартот на супер лигата. Покрај тоа одиграа и тренинг натпревар со женската младинска екипа, на кој беа поуспешни од своите помлади колешки. Во ноември ги очекува првиот натпревар во рамките на ЕХФ купот, против тимот на од Лондон. Очекуваме оваа сезона поголем успех како во домашните, така и во европските натпреварувања од Жрк Вардар јуниор.
Се надеваме дека ќе бидат подобри во борбата против екипата на Металург, за тоа толку посакувано второ место, веднаш зад првиот тим. Така ќе биде потврдена една црвено-црна доминација во Македонскиот женски ракомет. Минатата сезона беа дел и од завршниот турнир на најдобрите четири екипи во националниот куп. Симона Стојановска, Сара Митова и Ања Велкова се најновите имиња во составот на Симовски, кои ќе се обидат да го подигнат квалитетот на повисоко ниво и да помогнат во отстварување на поставените цели.