Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери, ги победија А.Пандев и се пласираа во 1/4 на купот на Македонија
Помладите пионери, ги победија А.Пандев и се пласираа во 1/4 на купот на Македонија

Помладите пионери, ги победија А.Пандев и се пласираа во 1/4 на купот на Македонија

Започнаа 1/8 натпревари во купот на Македонија, кај младинските категории. Помладите пионери на Фк Вардар продолжуваат со одличните игри во оваа сезона. После добрите настапи во првенството, каде се единствена Вардарова генерација без пораз, овие момци имаа успешен старт и во националниот куп. На гостувањето во Струмица, беа подобри од своите врсници од екипата на Академија Пандев. Конеченио резултат беше 1:3. Давид Астарџиев постигна два гола, еднаш мрежата на противникот ја затресе и Виктор Петкоски.

Избраниците на Сашо Јанев се пласираа во 1/4 на купот на Македонија, бидејќи се игра само еден натпревар. Нашите момчиња беа подобар противник и заслужено се најдоа во следната фаза на ова натпреварување. Се играше доста динамично од страна на двете екипи, со отворен фудбал и многу шанси. Во еден таков дуел, подобро се снајдоа црвено-црните, кои први поведоа со голот на Виктор Петкоски. Со резултат од 0:1 се замина на полувреме.

Во вториот дел се случија дури три удари од белата точка, два беа за Вардарци е еден за Академија Пандев. Најпрво беше направен прекршок над капитенот на црвено-црните, Кристијан Чурлинов, по кој судијата покажа на белата точка. Одговорноста во двата случаи, тренерот му ја укажува на Астарџиев кој ја оправда довербата. Прецизно стрелаше и го доведе својот тим во предност од 0:2. Во продолжение следуваа уште две вакви случувања. Академија Пандев го намали резултатот исто така преку удар од белата точка, овој удар за малку ќе го одбранеше нашиот голман. Ако постоеше некаква незивесност на мечот, крај стави повторно Давид Астарџиев со неговиот втор гол од пенал. Претходно претходеше акција, во која беше направен фаул врз Мартин Спировски. Конечниот резултат гласеше 1:3.

Со овој триумф, пом. пионери се пласираа во 1/4 рунда од националниот куп. Во првенството имаат четири победи и еден нерешен дуел. Се надеваме на вакви добри резулатти од оваа генерација и во продолжение од сезоната.