Нашиот шампион ја победи екипата на Работнички и го освои својот втор супер куп трофеj. Победникот беше решен дури по изведувањето на удари од белата точка, откако во регуларниот дел заврши без победник 1:1. Вардар започна во следниов состав: Гачевски, Хамбарџумјан, Велковски, Мијушковиќ, Попов, Николов, Глигоров, Фелипе,П .Петковски и Ивановски. Гачевски конечно ја доби својата шанса да застане на голот, а можност да игра во првите 11 доби и младиот Петар Петковски. Мечот беше во пρеκин во сρедината на полувρемето. Делегатот сметаше деκа сκандиρањата од Κомити пρотив пρвиот човеκ на ФФМ се пρичина за мечот да биде пρеκинат. Интеρесен момент, во пρодолжение ρечиси целиот стадион се пρиκлучи на сκандиρањата на Κомити.
Вардарци добро го започнаа натпреварот и поведоа уште во 10 минута со голот на Филип Ивановски. На голот претходеше одлична акција на младиот Петковски кој по десната страна го проигра Ивановски, кој прецизно стрелаше во противничката мрежа. До крајот на првиот дел се играше воглавно на половината на Работнички, без некои посериозни шанси за втор погодок на мечот. Противникот се обидуваше со долги топки да стигне до нашиот гол, но тоа не поминуваше покрај нашите дефанзивни играчи кои на време ги затвараа сите приоди кон голот на Гачевски. Во 32 минута, Петровиќ се обидува со удар по земја да го изненади Гачевски, но неговиот шут завршува далеку од нашиот гол. Пет минути подоцна при еден корнер на Хуан Фелипе, поради невнимание на одбраната на Работнички, Велковски имаше можност за втор погодок со удар со глава. На полувреме се замина со резултат 1:0.
Студен туш на почетокот на вториот дел, Работнички го израмнува резултатот по само 90 секунди игра во вторите 45 минути. Баже Илиоски доби одлична топка, излезе речиси сам пред Гачевски кој беше немоќен да го спречи неговиот удар. Во 50 минута, Ивановски доби топка од левата страна но шутираше само во рацете на Шишковски. Три минути подоцна Хуан Фелипе упатува силен удар, кој со крајни напори го скротува противничкиот голман. Во 56 минута од игра излегува Петковски кој асистираше на голот, на негово место влегува Ацо Стојков. Во продолжение следува неинтересен период во играта на двете екипи, кои не успеваат да направат ништо позначајно. Се играше воглавно на средината на теренот, без посериозни акции за постигнување на гол. Во игра влегоа уште Љамчевски и Грнчаров, на местото на Блажевски и Велкоски. Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 1:1, по што се пристапи кон играње на две продолженија по 15 минути. Ниту продолженијата не беа доволни за една од двете екипи да го решат овој супер куп. Ударите од белата точка го решија победникот, а тоа беше нашиот шампион.
За Вардар на пенали погодија Хамбарџумјан, Стојков, Глигоров и Фелипе. Гачевски одбрани два пенали и беше нашиот херој.