Monday ,11 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > По подолго време, се играше ”Самба” на Градски
По подолго време, се играше ”Самба” на Градски

По подолго време, се играше ”Самба” на Градски

Конечно, по подолго време се одигра популарната бразилскасамба”. Во режија на оваа самба беше кој друг ако не Жуан Фелипе интернационалецот од Бразил во дресот на ФК Вардар. Кoјзнае кога последен пат се играше самба на Градски… во времето на Вандаир и ”компанија” кога можевме да уживаме во тие потези. Овој пат на истото, вардаровите навивачи ги потсети и Фелипе.

Инаку Фелипе овој бразилски танц, за сите кои не беа на стадион, го одигра при постигнувањето на голот од белата точка, што значеше и победа, и освојување на Супер купот на Македонија. Му посакуваме уште многу титули на Фелипе во дресот на ФК Вардар, се разбира со многу одиграни ”самби

Фото: fkvardar.mk