Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Денес во Кале од 17-00 часот : РК Вардар јуниор го пречекува РК Металург во својот деби настап во Супер лигата
Денес во Кале од 17-00 часот : РК Вардар јуниор го пречекува РК Металург во својот деби настап во Супер лигата

Денес во Кале од 17-00 часот : РК Вардар јуниор го пречекува РК Металург во својот деби настап во Супер лигата

Денес во Спортско рекреативниот центар “Кале“ свое “огнено крштевање“ во најсилната ракометна лига во земјава – Вип Супер лигата ќе има тимот на РК Вардар јуниор предводен од македонската ракометна легенда Пепи Манасков.

Младите ракометари денес дебитираат во најсилната лига од како лани предводени од Манасков во првата ракометна лига која е втора по квалитет во Македонија се прошетаа до елитата без ниту еден загубен бод. Противникот за дебито на младите ракометари на црвено – црните не можеше да биде подобар тоа е тимот на Металург. Денешниот меч е закажан со почеток во 17-00 часот со него почнува одот кон желбата на нашите млади надежи обезбедување место во разигрувањето напролет. Одличен прв тест за зрелоста на овој тим  ќе биде дуелот со РК Металург. За подсетување заради ланскиот пласман и не обезбедувањето учество во  СЕХА лигата Металург ќе игра во разигрувањето кое за првите четири тима носи место во плеј-офф фазата каде дирекно учествува РК Вардар и РК Макс Струмица.