Кошаркарскиот црвено-црн клуб, Вардар во консултација и соработка со голем број клубови во Македонија, дојде до идеја да формира Младинска кошаркарска лига за сите оние деца кои тренираат во клубовите, а не се дел од официјалните натпреварување под МКФ. Ова е поттик за сите клубови да се вклучат во лигата, со цел сите деца во текот на целата сезона да бидат во тренажен процес, покрај тренинзи да играат и натпревари со своите врсници.
Лигата започнува на 26.11.2017 (недела) и натпреварите ќе се играат секоја недела од 10-14 часот во салата на Вардар во СРЦ „Кале“. Вкупно се пријавени 20 екипи од Скопје, Гостивар, Кавадарци, Радовиш и се поделени во три генерации: 2005/06, 2003/04 и 2001/02.
РАСПОРЕД:
10 часот / КК МВП Скопје – КК Ангели (2005/06)
11 часот / КК Вардар – КК Мзт Скопје (2003/04)
12 часот / КК Вардар – КК Гостивар 2009 (2005/06)
извор-Екипа.мк