Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Момците на Томче Трајановски, ФК Вардар генер.2007 денес два пати славеа во детската лига
Момците на Томче Трајановски, ФК Вардар генер.2007 денес два пати славеа во детската лига

Момците на Томче Трајановски, ФК Вардар генер.2007 денес два пати славеа во детската лига

Денес на терените ФФМ во Ново Лисиче ФК Вардар генерација 2007 одигра два натпревара и во двата дојде до победа. Момците на Томче Трајановски ги совладаа екипите на Скипи од Скопје и Гоблен од Куманово.

Во првиот дуел Вардар генерација 2007 (2) се сретна со тимот на ФК Гоблен во 11:00 часот. Во овој дуел дојдовме до победа со 4-1. Првиот дел го дојдовме до предност со 2-0, резултат со кој заминавме на одмор. За нас стрелаа Лебариќ Драган и Иван Стојановиќ. Прилики пропуштија Петар Котевски, Војо Стојановски и Лео Манчев во првиот период.

Во вториот дел екипата од Куманово успеа да намали на 2-1 во почетните моменти од вториот период. Сепак момците на Томче Трајановски се издигнаа и успеаа да ја вратат предноста. За нас повторно стрелаше Лебариќ Драган, а погодок впиша и Никола Јовановски. Со резултат 4-1 дојдовме до победа во овој дуел, кој беше напнат поради неспортското на однесување кумановскиот тим кој очигледно не е дораснат за ова натпреварување.

Во вториот дуел Вардар (1) генер. “2007“ го совлада ФК Скупи со високи 14-0. Уште по крајот на првиот дел најавија дека денес единствено во прашање е колкава ќе биде разликата. Ние триумфиравме со првиот период со 8-0. На крајот од дуелот победата беше изразена со двоцифрена разлика, црвено-црните триумфира со високи 14-0.

За нас стрелци беа: Крстевски Марко (3), Шаботиќ Емир (2), Борјан Томовски (2), Михаел Крстевски, Кузаревски Филип (2), Киш Марко (2), Петар Мицевски и голманот Даниел Мислајловски од пенал.