Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Триумфи за девојките на РК Кале Вардар и Опш.К.Вода Вардар кај генер.2004/05 во Јуниор лигата
Триумфи за девојките на РК Кале Вардар и Опш.К.Вода Вардар кај  генер.2004/05 во Јуниор лигата

Триумфи за девојките на РК Кале Вардар и Опш.К.Вода Вардар кај генер.2004/05 во Јуниор лигата

Во салата “Кале“ во Скопје денес се одиграа дел од 3.коло во Јуниор Лигата, кај девојките во генерација родени 2004 и 2005 се одиграа два дуели. Во продолжение ви носиме извештаи токму од овие два натпревари одиграни денес.

7

РК Кале Вардар  од Кичево беше подобар од екипата на РК Драчево Вардар од Скопје со резултат 24-4. Први со гол овој дуел го отворија кичевчанки кои поведоа со 1-0 на почетокот. Тие за кратко поведоа со 5-0 и најавија дека денес одат на цел плен во овој женски дуел. Потоа следеше краток период во кој двете екипи постигнаа по два гола, сепак Драчево заостануваше “минус пет“ односно на семафорот беше  7-2. Во последниот период поискусната екипа во лигава лесно се одлепи и на одмор замина со предност од  14-3.

6

Вториот дел почна со погодок за Кичевчанки кои поведоа со 15-3, тие стрелаа во продолжение и недозволуваа да се затресе нивната мрежа се до  21-3. Потоа скопските девојки намалија на  21-4,со нивниот прв и последне гол во втриот дел.  Се до крајот беше рутина па РК Кале победи со високи 24-4. Кај победникот Милошевска имаше шест гола, кај поразениот сите три гола ги постигнаа различни девојки.

2

 Во вториот дуел РК Асови Вардар од Кичево беше совладан од девојките на  Општина Кисела Вода Вардар со 14-20. Први со гол дуелот го отворија скопјанки, кои потоа поведоа и со 0-3. На средината од првиот дел скопскиот тим поведе со “плус пет’ односно со 2-7.  Во вториот дел од овој дел кичевчанки беа подобар тим па успеаа да го намалат резултатот пред да заминат на одмор.  Тие заминаа со негатива 7-10 на пауза.

1 3

Вториот дел почна со три гола на Општина Кислеа Вода Вардар со кои поведоа со високи 7-13 на овој натпревар.  Следеше серија на девојките од екипата на РК Асови Вардар, тие со серија 4-1 се доближија на “минус три“, односно 11-14. Но со иста таква серија девојките од Кисела Вода ја вратија предноста на шест гола и поведоа со   12-18 на 5.минути до крајот. Се потоа беше рутина во која скопските девојки триумфираа на крајот со  14-20. Кај победникот Андовска имаше четири гола, кај поразениот Мицкоска имаше дури седим погодоци.