Утре на теренот во Чаир, своето 12 коло во рамките на регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар родени “2003“ и “2004“ година. Противник ни е домашната екипа на Шкупи.
Вардаровата генерација “2003“ во средата успешно ја помина четврфиналната пречка во националниот куп, откако одигра без победник на реваншот во Тетово, против екипата на Шкендија и на тој начин се пласираше во најдобрите четири екипи на ова натпреварување. Ако не се земе во предвид првото коло кое беше ревијално против академијата на ФФМ, оваа генерација на Вардар предводена од Горан Петрески има осум победи, еден нерешен резултат и еден пораз. На првиот натпревар одигран на теренот на Академијата, црвено-црните убедливо го совладаа Шкупи, со резултат од 4:0. На тој натпревар два гола постигна Андрески, додека по еден беа дело на Петрушевски и Мешковски. Натпреварот на Чаир започнува од 13:00 часот.
Генерацијата “2004“ на ФК Вардар убедливо се наоѓа на првото место на табелата, во својата возрасна категорија. Екипата предводена од Игор Кралевски има десет победи од исто толку одиграни натпревари и незнае за ништо друго освен победа. Во четвртокот на домашен терен убедливо го совладавме Милано (8:0), во рамките на четврфиналето од националниот куп и се пласиравме во полуфиналето. Вардар славеше на првото соочување на овие две екипи, на теренот на Академијата, кога во рамките на 4 коло го совладавме утрешниот противник со резултат од 6:2. Стојановски Георг и Сандро Каровски постигнаа два гола, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Никола Павлески и Теодор Перковски. Натпреварот утре започнува од 11 часот.