Денес на терените на ФК Работничко, претпоследното коло во рамките на детската лига од есенскиот дел, го одигра генерацијата “2010“ на ФК Вардар. Избраниците на Зоран Петковски одиграа два натпревари, на кои забележаа пораз и нерешен резултат.
Вардар (2) беше поразен од тимот на Фамос, со резултат од 2:8. Посебно внимание на овој натпревар беше кај играчот на Фамос, Лука Трпевски, кој со својата игра отскокнуваше од сите на теренот. Токму тој ја направи оваа разлика и убедлива победа за екипата на Фамос, на крајот од мечот. По првото полувреме, резултатот беше убедлив во корист на екипата на Фамос, од дури 0:7, а неколку погодоци беа зад името на Лука Трпевски. Вардарци немаа одоговор за неговата игра, кој едноставно брзо ја поминуваше нашата одбрана, а покрај врвен стрелец, има глема предност во играта и на неколку пати им асистрираше на своите соиграчи.
Во вторииот дел видовме малку подобра игра на Вардар, кој успеа да постигне два гола. Најпрво на 1:7 намали Лука Пацески, додека вториот гол за црвено-црните беше дело на Петар Васовски, кој намали на 2:7. Во игра за Фамос влезе најопасниот играч, Лука кој имаше неколку шанси да го зголеми резултатот, но останаа без реализација. Сепак до крајот на натпреварот овој играч погоди и ги постави конечните 2:8 на овој натпревар.
Многу поинтересен натпревар одиграа Вардар (1) и Биџо од Куманово, дуел кој заврши со нерешен резултат од 2:2. Вардар во првото полувреме создаваше шанси, но противникот беше тој кој имаше водство, по првите 20 минути. Првите два директни удари кон голот на Биџо ги имаше Константин Трајков, прво бие покрја гол, во вториот обид брани противничкиот голман. Во прилика се најде и Ристиќ, кој бие над голот. Кога нема да искористиме шанси, следи казната на спротивната страна, а тимот на Биџо постигнува гол и поведува со 0:1. Статива погоди Ристиќ и среќата никако не не сакаше. Повторно Биџо постигнува гол и зголемува на 0:2. Сепак до крајот на првиот дел, Вардар преку Константин Трајков успева да намали на 1:2 и овој резултат да биде актуелен на полувреме.
Во второто полувреме имавме добра шанса повторно преку Ристиќ, кој шутира покрај голот на кумановчани. Избраниците на Петковски имаа целосна иницијатива во вториот дел и се обидуваа да го израмнат резултатот. Тоа му успева на Константин Трајков, кој со својот втор гол денес ги постави конечните 2:2. За одбележување до крајот на мечот е ударот на Ристиќќ, кој завршува покрја голот.