Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јуниор лига: Победа на момците на Опш.К.Вода и девојките на РК Кале Вардар во генер.2006/07
Јуниор лига: Победа на момците на Опш.К.Вода и девојките на РК Кале Вардар во генер.2006/07

Јуниор лига: Победа на момците на Опш.К.Вода и девојките на РК Кале Вардар во генер.2006/07

Денес во салата “Кале“ се играа дуелите од 3.коло во Вардар Јуниор лигата,  во категоријата 2006/2007 се одиграа еден машки и еден женски дуел. Во истите до победа дојдоа Опш.Кисела Вода кај момците и кај девојките тимот на РК Кале Вардар.

Општина Кисела Вода Вардар кај момците триумфираше над РК Балтепе Вардар од Тетово. Први со гол дуелот го отворија скопските момци кои поведоа со 1-0. Во првиот дел тетовчани се обидуваа ама не постигнаа ниту еден гол. Тоа во напад го искористи Кисела Вода која со 3-0 поведе и го однесе овој натпреар на одмор со тој резултат.

Во вториот дел прв гол постигна повторно скопскиот тим кој поведе со 4-0, потоа РК Балтепе успеа да постигне почесен погодок и намали на 4-1.  Со гол, Кисела Вода поведе потоа со 5-1, по што следеше период во кој доминираа тетовци. Тие со серија 1-3  намалија на 6-4, но немаа време да направат изенандување до крајот на овој дуел. Костов со два гола беше прв стрелец кај победникот на овој дуел.

Дамите на Опш.Кисела Вода Вардар беа поразен од РК Кале Вардар од Кичево со резултат 8-5 (3-3). На овој дуел скопските девојки поведоа на почетокот со 0-1. Тие до средината на првиот дел успеаа да поведат и со високи 0-3, но кичевчанки потоа влегова во ритам. Тие со исто такава серија 3-0 изедначија на 3-3, резултат со кој се замина на одмор на овој натпревар.

Вториот дел почна со гол за Општина Кисела Вода Вардар која поведе со 3-4, но веднаш изедначија кичевчанки со гол за 4-4. До крајот на дуел девојките на РК Кале Вардар Кичево беа подоминантни на теренот што им донесе триумф во оваа најмлада категорија која се игра на цел терен. Тие победија со резултат 8-5 на крајот. С.Стојаноска кај победникот имаше три погодока на овој дуел.