Денес дебитантот во лигата Балтепе Вардар одигра два дуела кај момците во генерацијата 2002/2003 и 2004/2005. Во првите дуели кои се играа денес во рамки на 3.коло во Јуниор лигата тие одиграа реми со Опш,Кисела Вода Вардар и беа поразени од РК карпош Вардар.
Во дуелот во генерација 2002/2003 Балтепе одигра реми со момците на Општина Кисела Вода Вардар. Овој дуел со гол први го отворија тетовчани кои поведоа со 1-0, а нивниот ривал веднаш издначи на 1-1. Потоа со серија 3-0 тетовските момци првпат се одлепија и поведоа со 4-1. Во продолжение се играше гол за гол па така тетовци на полувреме отидоа со комотна разлика од пет гола. На семафорот во “Кале“ стоеше 9-4 во нивна корист.
Вториот дел почна со гол за нив и водство од 10-4, со што најавија победа на овој дуел, сепак ракометот е интересна игра па видовме нешто сосема друго во продолжение. До средината на првиот дел Балтепе целосно го контолираше дуелот успеа дури и да ја зголеми предноста на седум гола, тие на средината од вториот дел водеа со 15-8. До крајот следеше невиден “пекол“ за нив, скопските момци влегова во ритам и газеа. Тие направија сетија 1-8 со која изедначија на 16-16 и извадија неверојатно реми. Кај тетовчани Кочовски имаше 12 гола, кај скопјани Гајдоски постигна 5.
Момците на Балтепе во генерација 2004/2005 беа поразени од РК Карпош од Куманово со 15-25. Први со гол овој дуел го отворија кумановчани по што тетовчани изедначија на 1-1. Постојано беше реми во почетните минути, а тоа продолжи и до крајот на првиот дел. Едните поведуваа постојано, а другите изедначуваа па беше на семафорот (2-2, 3-3, 4-4, 5-5, 6-6, 7-7, 8-8 и 9-9). До крајот имаше две минути во кој кумановчани успеаа со два гола да отидат на одмор со преност од 9-11.
Вториот дел кумановчани на почетокот почнаа фуриозно и се одлепија на “плус шест’ односно поведоа со 9-15. Момците на Младеновска Наташа и Ј.Миодраг-Црни од минута во минута го зголемуваа водството па на 7.минути до крајот повеода со високи 11-20 по што веќе се беше јасно. До крајот тие рутински го доведоа мечот до победа во кој триумфираа со 15-25. Кај победникот Крстевски беше прв стелев со седум гола, а кај поразените Богоевски имаше пет.