Вардаровата генерација родени “2008“ година на ФК Вардар го одиграа стандардното второ коло во детската лига. Тие одиграа само еден натпревар со Вардар (2) кој го совлада Шкупи, додека Вардар (1) службено го доби својот дуел, од причина што екипата на Сарај не пристигна на денешниот натпревар.
Вардар (2) немаше поголеми проблеми да го натпреварот со Шкупи и на крајот триумфираше убедливо со резултат од 7:0. По два гола денес постигнаа Арти Азизи и Коста Бошковски, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Ненад Дамјаноски, Матео Кесиќ и Стефан Бранковски.
Со оглед дека Вардар (1) не го одигра својот меч, тиа одиграа меѓусебен натпревар со “братскиот“ Вардар (2).