Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Работнички и Петровец поразени од ФК Вардар генер.2005 во денешните дуели од детската лига
Работнички и Петровец поразени од ФК Вардар генер.2005 во денешните дуели од детската лига

Работнички и Петровец поразени од ФК Вардар генер.2005 во денешните дуели од детската лига

Денес на терените ФФМ во Ново Лисиче, ФК Вардар генерација 2005 одигра два натпревара и во двата дојде до победи. Момците на Ане Андовски ги совладаа екипите на ФК Петровец и ФК Работнички во овие дуели од детската лига.

Екипата на ФК Вардар (2) генер. “2005“ триумфираше во дуелот со екипата на ФК Петровец од Скопје со високи 15-0. По првиот дел веќе одевме со високи 8-0 во дуелот со екипата од источната страна на скопската котлина. За нас три гола постигна во првите 30.минути Лука Јакимовски кој денес беше расположен за игра. Пројкоски Петар погоди два пати во мрежата на Петровец. По еден гол постигнаа во првиот период и Александар Калановски, Горјан Цветков и Дошев Ѓорѓи.

Вториот дел го отворивме со гол од пенал на Пројкоски Петар за 9-0, кој по голот промаши една одлична прилика шутирајќи крај голот на противникот. Радевски Филип зголеми на 10-0 по еден одличен соло продор, а на 11-0 зголеми со удар од дистанца Горјан Цветков-Гого. Имавме постојана иницијатива во продолжение која со по еден гол ја наградија Радевски Филип и Дамјан Конески со чии погодоци зголемивме на 13-0. Лука Јакимовски изведе пенал во продолжение, за жал неговиот удар заврши над голот на противникот. Радевски Филип имаше прилика за нов гол, сепак немаше среќа и неговиот удар заврши над гредата, како и ударот на Стефан Наумовски кој погоди во стативата. До крајот погодивме уште два пати еднаш преку Лука Јакимовски и еднаш погоди Алексеј Стефановски.

Во другиот дуел ФК Вардар(1) генер.2005 се сретна со екипата на ФК Работнички во градското дерби во детската лига. Нашите момци во овој дуел влегоа сериозно и обезбедија победа со 6-4. Веќе по првите триесет минути ние најавивме победа кога на одмор заминавме со три гола предност, односно на полувреме водевме со 4-1 против “романтичарите“. Во вториот дел малку се опуштивме сепак лесно победивме со два гола предност.

За нас денес стрелаа пет различни момци на овој дуел. Двата пати мрежата на црвено-белите ја тресеше Гаштаров Матеј . По еднаш погодоци во мрежата на Работнички погодија: Арбин Курти, Ѓорѓи Дошев, Никола Величковски и Влатко Кулуковски.