Во салата “Кале“ во Скопје денес се одиграа дел од 3.коло во Јуниор Лигата, кај момците во генерација родени 2002 и 2003 се одиграа еден дуел. Во истиот се сретнаа РК Кале Вардар од Кичево и РК Урдаревски Вардар од Скопје, во воој дуел скопјани дојдоа до победа со 16-15.
Со гол дуелот го отворија скопските момци кои победоа 0-1, на тоа веднаш со два гола за преземање на водстврото одговорија дечките од Кичево кои повеода со 2-1. Двете екипи играа рамноправно во првиот период од овој прв дел, па средината од првиот дел на семафорот сторше 4-4. Со серија 2-4, РК Урдраевски успеа пред почетокот на финишот да се одлепи на 6-8, потоа до крајот на првиот дел постигнаа двата тима по еден гол. На одмор се замина со резултат 7-9 на семафорот во салата “Кале“ во корист на екипата на РК Урдаревски Вардар од Скопје.
Вториот дел со три гола го отворија кичевччани кои го преземаа водството и поведоа со 10-9. Веднаш потоа имаше минута одмор за скопјани по која тие за кратко успеа да изедначат на 11-11. Следеше клучната серија на Урдаревски, кој одиграа одлично во одбрана и во напад казнуваа. па со серија 0-4 се одлепија на 11-15. Кичевчани се обидоа и се вратија во игра, но неуспеаа да изедначат, тие намалија на 15-16 до крајот сепак не успеаа да триумфираат. Скопјани победија со минмални 16-15 на крајот. Кај победникот Томашевски беше прв срелец со гола, кај поразениот Стефановски имаше четири.