Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар гостува во Битола кај Пелистер во 18.коло од Првата лига
КК Вардар гостува во Битола кај Пелистер во 18.коло од Првата лига

КК Вардар гостува во Битола кај Пелистер во 18.коло од Првата лига

Кошаркарскиот клуб Вардар изминатиот викенд ја забележа првата победа во 2019 година совладувајќи го на домашен терен тимот на Шкупи со дури 68.поени предност. Следен предизвик во рамки на 18.коло од Првата кошаркарска лига ни е гостувањето кај Пелистер во Битола.

Средбата во салата “Младост“ во градот под Тумбе кафе ќе се игра во петок, 15.03.2019  со почеток во 20:00 часот.  Двата тима досега по 17.кола на своето конто имаат по идентични три победи. На првата средба одиграна во ноември во “Кале“ црвено-црните дојдоа до победа со резултат 65 – 63.