Вардар победи против Извиѓач во рамките на последното 18.коло во регуларниот дел на СЕХА-лигата. Настапивме без голем број на играчи, но сепак на крајот успеавме да победиме и да го имаме овој меч под контрола. За момент избивме на првото место на табелата, пред комлетирање на денешните мечеви, по што ќе биде познат нашиот противник на Ф4 турнирот. За триумфот против Извиѓач кратки и јасни беа тренерот Парондо и младиот Крстевски:
-Извиѓач е млад и добар тим. Им честитам за играта. Ние сме задоволни од резултатот и се надевам дека ќе продолжиме да играме добро и на завршниот турнир, истакна Парондо.
-Игравме добро и заслуживме да победиме. Би сакал да им се заблагодарам на тимот на Извиѓач за добриот натпревар, рече Стефан Крстевски.