Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор го пречекува “фенерџијата“ тимот на ГРК Борец
Вардар Јуниор  го пречекува “фенерџијата“  тимот на ГРК Борец

Вардар Јуниор го пречекува “фенерџијата“ тимот на ГРК Борец

Вардар Јуниор, в четврток (14.03.2019 ) во рамки на предпоследното коло од Супер лигата го пречекува “фенерџијата“, ГРК Борец. Ова е дуел од 17.коло во Супер лигата и истиот ќе се игра во малата сала во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје.

Ова е средба на двата последнопласирани тимови во супелигашката конкуренција. Ние досега во 16.кола имаме 9.бода, а нашиот ривал нема ниту еден успех и е залепен на дното со нула бодови. На оваа средба црвено-црниот млад тим на Петрушевски Стојан и Манасков Пепи се фаворит. На првата средба одиграна во Велес ние дојдовме до победа со пресврт во вториот дел  со резултат 17 – 30.

Правдата на утрешниот  дуел ќе ја делат Вукашиновски Александар и Трајковски Мирко од Скопје, делегат е нивниот сограѓанин Николовски Ацо.