Одбојкарите на Вардар очекувано го совладаа УГД Студент со 3:0 (25:15, 25:6 и 25:8) во последниот натпревар од второто коло во Првата машка лига. Во салата на спортско-рекреативниот центар “Кале” во Скопје, одбојкарите на Вардар покажаа моќ и заслужено се радуваа на втората победа сезонава од исто толку натпревари.
Јовица Симовски уште еднаш покажа дека оваа сезона ќе биде главниот играч на нашиот тим. Коректорот на Вардар запиша 17 поени, а во вториот сет имаше и серија на свој сервис во кој Вардар доби седум поени едно по друго. Стојан Илиев го следеше со 15 поени, Маџунков додаде 8, Михаилов и Ватанабе по 5, а Стојанов и Лепидовски по 1.