Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Љушев дебитираше за Македонија, избраниците на Канатларовски одиграа без голови против Романија
Љушев дебитираше за Македонија, избраниците на Канатларовски одиграа без голови против Романија

Љушев дебитираше за Македонија, избраниците на Канатларовски одиграа без голови против Романија

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години денес на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одигра првиот контролен дуел со соодветната селекција на Романија. Мечот во регуларниот дел заврши без голови 0:0, додека после изведување на удари од белата точка славеше Македонија (5:4).

Во стартниот состав на селекторот Канатларовски за овој дуел се најдоа четворица играчи од Вардар. Се работи за Стефан Тасев, Игор Јаневски, Георг Стојановски и Бесар Гуџуфи. Во игра влегоа уште и Огнен Здравковски, потоа дебитантот Давид Љушев и Никола Павлески. Шанса за погодок имал вардаровиот напаѓач, Стојановски Георг, која останала неискористена.

pet_1314

Двете репрезентации вториот контролен натпревар ќе го одиграат в четврток од 11:00 часот.