Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар може да здивне, Кристопанс е добро!!
Вардар може да здивне, Кристопанс е добро!!

Вардар може да здивне, Кристопанс е добро!!

Десниот бек на Вардар и веројатно најдобар играч во овој момент, Даинис Кристопанс, е добро и дефинитивно ќе може да игра на дерби дуелот в сабота против екипата на Келце.

Кристопанс се здоби со незгодна повреда на зглобот на ногата и мораше веднаш да го напушти теренот против Војводина. За среќа по Вардар и играчот, станува збор само за оток на ногата, кој до сабота ќе исчезне, а Летонецот ќе може да настапи.

Единствен проблем во овој момент е тоа што Кристопанс ќе ги пропушти сите тренинзи до дерби натпреварот.

Дуелот на Вардар и Келце, се игра в сабота во Скопје со почеток од 17.00 часот.