Одбојкарите на Вардар продолжуваат со подготовките за новата сезона. Играчите на Вардар ќе земат учество на меѓународен турнир во Лесковац – Србија. На овој турнир ќе играат екипите на Дубочица Лесковац, Напредак Крушевац, Вардар и Славија Софија.
Во соопштението на ОК Вардар се вели:
Со задоволство најавуваме учество на мегународен пријателски турнир во Лесковац во недела 09.10.
На турнирот ќе ги одмериме силите со ОК Дубочица Лесковац, ОК Напредак Крушевац и ОК Славија Софија.
НАПРЕД ВАРДАР !!!