ПИК Сегед е домаќин на натпреварот против PK Вардар во рамките на 4. коло во ЕХФ Лигата на шампионите. Унгарскиот вице-првак има одлична серија и во ЛШ и во тамошното првенство сепак знае дека игра со владетелот на Европа. Екс-вардарцецот Сергеј Горбок, кој веќе две години е дел од ПИК Сегед, за дуелот со неговиот поранешен тим вели:
Ќе играме против европскиот шампион, одличен тим против кој е многу тешко да се игра. Сето она што го работиме на тренинзите, перфектно да го спроведеме на натпреварот ако сакаме позитивен резултат. Мора да бидеме дисциплинирани во играта и тактички точни. Секако, на секој натпревар одиме на победа. Но, јасно е дека Вардар има одличен тим, со одлични играчи на секоја позиција и извонреден голман. Исклучително силен тим против кој мора да одиграме компактно и ако сакаме победа.