Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Очекувам во Унгарија да патуваме сите, незнам како ќе биде Карачиќ, тој не тренираше долго време
Гонзалес: Очекувам во Унгарија да патуваме сите, незнам како ќе биде Карачиќ, тој не тренираше долго време

Гонзалес: Очекувам во Унгарија да патуваме сите, незнам како ќе биде Карачиќ, тој не тренираше долго време

Вардар по трите победи во првите три меча во ЕХФ Лигата на шампионите, го чека нов предизвик, гостување во Унгарија кај тимот на ПИК Сегед. Дуелот се игра на 7 октомври, сабота (17,30 часот) во Сегед. За овој дуел тренерот на црвено-црните ги искажа своите очекувања:

Раул Гонзалес: Секогаш сакам да играм 60 минути добро, но тоа е тешко, бидејќи и ривалите играат. Сега сме на почеток. Лани бевме малку полоши, но сезоната е добра. Најважно е дека кога треба да се подготвуваш да играш добро. Сега ние одигравме три меча од ЛШ и од СЕХА лигата и сите ги победивме. Треба да продолжиме со подготовката.

Подобри сме, и одиме чекор по чекор одиме. Ме интересира само мечот што е пред нас, не тоа што било, и тоа што следува. Очекувам во Унгарија да патуваме сите, незнам како ќе биде Карачиќ. Тој не тренираше долго време. Знам дека ако некој не тренира тешко е потоа да игра добро, но секогаш верувам во тимот што е на терен. Нема многу менувања во нивниот состав, играат добро со пикер. Горбох играше добро на три натпревари. Средниот бек на Русија Житникот има квалитет, може да игра добро и во одбрана. Ќе биде навистина тешко.