Оваа сезона ќе се игра XX.издание на НБЦ Куп кој ќе се одржи во Клуж, Напока, Романија, од 3-ти до 8-ми Октомври. На истиот КК Вардар ќе ја преставува Република Македонија.
Црвено-црните во недела, 02.октомври заминуваат најпрвин од Скопје до Бачка Топола. Таму ќе одиграат контролка со тимот на КК Задар од Хрватска. Следниот ден од Бачка Топола ќе се упатат за Клуж. Настапите се предвидени за вторник, среда и четврток. Вардарци се надеват дека достојно ќе ја престават земјата на овој официјален меѓународен клубски собир.