Од претстојниов викенд стартува новата натпреварувачка сезона во Регионалната Скопска лига. Генерациите 2008 и 2009 на ФК Вардар во рамките на првото коло на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Партизан Фудбал Кидс од Скопје.
Натпреварите се закажани за утре со почеток од 09:00 и 10:30 часот на теренот на Локомотива. Генерацијата 2008 ја предводи Влатко Колев, додека тренер на генерацијата 2009 е Златко Тасевски.