Oваа недела со своите летни подготовки за сезоната 2017/208 стартуваа играчите од црвено-црниот кугларски колектив. Во вторникот тие го имаа првиот собир на кој присуствуваше целиот ростер на црвено-црните кој сезонава е видеоизменет. Тренерот Драги Димитровски имаше “збор“ со десет сениори и тројцата јуниори на КК Вардар.
Тренинзите се работат во кугланата при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Веќе во четвртокот се одработи и вториот тренинг на колективот. На двата тренинзи покрај ланските играчи Миле Димковски-Капитен, Дарко Димитровски, Коста Ристески, Марјан Згонц, Влатко Стојановски, Георг Поп-Крстев, Бранко Митиќ присутни беа и новите две имиња: Тони Тодоровски и Влатко Гиевски кои работеа со остатокот од тимот. Jуниорската трочлена екипа од лани останува во истиот проверен состав со кој дојдовме до вицешампионскот место кај младите куглари изминатата сезона: Матеј Костадиновски, Љупчо Митиќ и Мартин Митиќ. Прв предизвик момците ги очекува за речиси еден месец кога на 9-ти септември ќе настапат на вардаровиот интернационален турнир “8-ми Септеври“.