Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар тестираше со екипата на Бергишер
РК Вардар тестираше со екипата на Бергишер

РК Вардар тестираше со екипата на Бергишер

По одработените  седумдневни подготовки во Словенија, момците на Раул Гонзалес вчера  заминаа за Германија каде треба да одиграат три контролни средби. Вчера тие го одиграа првиот меч, противник во истиот ни  беше тимот на Бергишер. Во овој натпревар нашите момци беа совладани  со резултат 25-27 (17-14). По овој дуел следуваат уште  два натпревари, кои се на програмата денес и во недела.

Кормиларот на црвено-црните  Раул Гонзалес на овој прв тест-дуел  им даде шанса да играат на сите 20 ракометари, за напомена е дека  во второто полувреме повеќе време на голот мина Даниел Ѓорѓески, а настапија и играчи кои вообичаено имаат помала минутажа. Голем пех за нас беше одложување на летот од Словенија за Германија, нашите ракометари поголем дел од денот го минаа по аеродроми, поради што и закажаниот натпревар со Бергишер почна со еден час задоцнување. Во преполна сала многу германски навивачи дојдоа да го видат актуелниот европски првак кој токму кај нив ја почнува новата сезона со играње натпревари. Првиот дел го завршивме со предност за нас од три погодоци. Денес во новиот тест дуел, на турнирот во Гумерсбах, ривал ќе ни биде  тимот на Рајн Некар.

На дуелот  со Бергишер најефикасни беа Тимур Дибиров кој постигна 8 гола, Вуко Борозан 5, Игор Карачиќ 3, Данил Криштопанс 2, Мораеш 1. Овој пораз за РК Вардар  е прв по 2 април, кога вардарци загубија од Металург.